Јавен повик за аплицирање за еднократна парична помош за запишано прваче во учебната 2025/2026 година
Aug 5, 2025
Во тек е повикот за аплицирање за еднократна парична помош на семејствата кои имаат прваче.
Мерката предвидува еднократен додаток од 4.000 денари за секое прваче во општината и истата има за цел да ги олесни почетните трошоци за новиот ученик во семејството.
Паричната помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање до Општина Валандово, од страна на член на семејството на ученикот.
Барањето за остварување на еднократна помош за прваче, може да се поднесе:
- онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа мЗаедница, во делот за „Субвенции“ или
- писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово;
Документи кои треба да се достават во прилог на барањето се:
- потврда од Општинско основно училиште за запишан ученик во прво одделение во тековната учебна година;
- фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
- фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителот-подносител на барањето;
- фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-подносител на барањето;
Аплицирањето за еднократниот додаток ќе може да се реализира до 29.08.2025 година.
Заедно креираме сестрана заедница, ја развиваме солидарноста како вредност и меѓусебно се поддржуваме.