News 3#

Соопштение за ставање на увид на јавноста на урбанистички проект вон опфат на урабнистички план

Aug 5, 2025 

logo baner


Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на РСМ” бр.32/20,111/23, и 171/24), Градоначалникот на Општина Валандово го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТАВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА ЈАВНОСТА
НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

 

            – Се става на увид на јавноста на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 1875/1, КП 1875/3, КП1875/4, КП1875/5 и КП 1888 КО ВАЛАНДОВО-ВОНГРАД, Општина Валандово, со технички број 03-247/2024 од Август 2024 година.

 

– Со овој урбанистички проект се опфаќа простор со површина од (10112,85м2)

– Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 1875/1, КП 1875/3, КП1875/4, КП1875/5 и КП 1888 КО ВАЛАНДОВО-ВОНГРАД, Општина Валандово, ќе биде објавен на ВЕБ страната на општина Валандово.

 

– Јавниот увид ќе трае (15 дена) од 07.08.2025 година до 22.08.2025 година.

– Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Урбанистичкиот проект можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетен лист, во просториите на Општина Валандово во одделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животна средина и ЛЕР.